КА Групација обезбедува услуги за менаџмент консалтинг и проектен менаџмент, на клиенти од приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор.

HomeТим

Тим

Нашиот тим се состои од млади, динамични, но искусни луѓе кои постојано учат и ги надградуваат консултантските компетенции, за најдобро да може да ги услужиме потребите на нашите клиенти.

КА Групација / KA Group има воспоставено партнерство со други консултантски компании и консултанти, се со цел да го овозможи најдобриот квалитет на консалтинг услуги за своите клиенти, менаџирана од сопственикот Васко Карангелески, МБА, ЦМЦ.

Ние постојано инвестираме во нашите вработени со цел да станат лидери на консалтингот во својата свера на професионална експертиза и област на интерес.

 


 

КА Групација го следи работното правило дека организационото знаење и компетенции доаѓаат од три области: лични компетенции, внатрешна структура и процеси и надворешна структура (пример: стратегиски здружувања и партнерства).

Од 2010 до денес воспоставивме и успешно одржуваме трајни професионални партнерства кои ни овозможуваат обезбедување на ефикасни и ефективни консултантски услуги во различни области:

  • Интерна база на податоци за повеќе од 150 експерти за развој на проекти, воглавно од Југоисточна Европа. Компанискиот регистар на консултанти ни овозможува релативно брзо да одговориме на потребите на нашите клиенти.
  • Стратегиското партнерство со пазарна истражувачка компанија со седиште во Полска, ни овозможува да им помогнеме на клиентите пристап и информации за новите пазари, особено Централна и Источна Европа.
  • Стратегиско партнерство за инфраструктура, енергија и човековата околина. По неколкугодишно работење со партнер компанија, создадовме неколку проектни партнерства во наведените области за економски и финансиски анализи и проценка на општественото влијание, физибилити студии, пред се во областа на хидро електрани, ветерници, водоводи и иригациони системи.

 


Нашите вработени постојано ги надградуваат своите компетенции, при што ја следиме поговорката: „Индивидуата која вчера дипломирала и денес престанала да учи, утре станува необразована!“.

 

Цитат(и)

"Задоволен клиент е најдобрата бизнис стратегија од сите
Michael LeBoeuf

Translation (Google)

Препорачани од "Бизнис градски водич"

bcg image1КА Групација е вклучена во Бизнис Градскиот Водич на TheTimes.co.uk и TheSundayTimes.co.uk

оди на водичот тука 

Go to top

Имаме присутни 21 гости и нема членови

Menu